Во првиот натпревар од третото коло во групата Е на европскиот шампионат во кошарка репрезентацијата на Летонија не успеа да ја победи репрезентацијата на Белгија и со тоа да продолжи да се надева на пласман во четвртфиналето. Белгија водеше во текот на целиот натправар и заслужено победи со 60-56. Натпреварот изобилуваше со многу грешки на двете страни и многу промашени удари кон кошот од чисти позии.
Најефикасен на мечот беше белгиецот Масот со 14 поени додека неговиот соиграч Мукубу постигна еден помалку. Во поразениот тим Фреиманс постигна 10 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.