Во Русија е објавен поголем текст околу затворање на случајот „Чадор“ каде се наведува дека е познат идентитетот на убиецот на бугарскиот писател и дисидент Марков. Според некои руски извори, се работи за бугарски шпион- Италијанец со дански пасош Франческо Гулино родем 1946, а со шифрувано име Пикадили.
Советскиот шпион Олег Гордијевски, кој пребегна на запад во 1985 откри дека во акцијата за ликвидација на Марков ја водел озогласениот „К“ сектор на КГБ, од каде во Лондон на Италијанецот му дале ампула со отров. Според некои информации од Генералот на КГБ, Калугин, и оружјето- чадор е добиено од КГБ. Неговото признание по распадор на СССР за малку ќе го чинеше затвор, бидејќи е уапсен на лондонскиот аеродром, но англичаните го пуштиле заради недостаток на докази.
И Гулино во 1993 бил уапсен во Копенхаген, каде дански и британски разузнувачи го испитувале цели 6 часа. Ништо не признал, а иако софија била запозната со приведувањето на „осомничениот за убиството на Марков“ од Бугарија не стигнал никаков документ што тоа би го потврдил, како ни на барањето за испорачување, па данците го пуштиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


