| четврток, 6 декември 2018 |

„Франс фудбал“: Катарците го купиле светско првенство во фудбал за 2022 година

france-football-qatar-2022

Катар си ја купил организацијата на Светското првенство во 2022 година со потмитување на дел од членовите на Извршниот комитет на ФИФА, обелодени престижниот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, нарекувајќи го скандалот „Катаргејт“, пренесува МКД.МК.

Магазинот во своето истражување на 15 страници го претставиле начинокт на кој богатите шеици од Катар успеале да ја добијат организацијата на Мундијалот, за кој моментно се кршат копја, кога би се играл, на зима или на лето. Катар го доби СП 2022 во декември 2010 година во битката со САД, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.

Според „Франц Фудбал“, двајцата африкански членови на Извршниот комитет на ФИФА, Иса Хајату и Жака Анума биле подмитени со по 1,5 милиони долари, а се започнало уште пред три години, кога Катарците го спонзорирале конгресот на африканската конфедерација (КАФ) со 1,25 милиони „зелени банкноти“.

Во играта за добивање на организацијата, Катарците заиграле и на највисоко ниво, кај поранешниот француски претседател Николас Саркози и кај легендата Мишел Платини, актуелниот прв човек на УЕФА. Двоецот имале средба со Принцот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Калифа Ал Тани во 2010 година, а по таа средба Саркози побарал од Платини да се подржи кандидатурата на Катар и од геополитички причини, без оглед што Платини својот глас требало да го даде за САД.

По средбата на Ал Тани со Саркози и Платини, каде се разговарало и за инвестиции од Катар во францускиот фудбал, ИК на ФИФА ги додели организациите на следните два Мундијали, на Русија во 2018 година и на Катар во 2022 година, по што една година по состанокот на највисоко ниво, силна инвестиција од Катар влезе во ПСЖ.

За две години, катарците во ПСЖ веќе потрошија стотици милиони евра и најавуваат уште посилни инвестиции од над 700 милиони за следните пет години со цел клубот да го направат европски и светски шампион.

Магазинот потенцира дека сите информации и документи ќе и бидат пратени на ФИФА, која веќе има своја интерна истрага за корупција околу многуте сомнежи за начинот на кој се доделени следните два светски шампионати.

За потсетување, уште пред СП во Јужна Африка во 2010 година, лордот Дејвид Бернштајн, тогашен прв човек на ФА, овбвини за заговор помеѓу Русија и Шпанија против Англија во битката за СП 2018 година. Бернштајн тогаш посочи дека со помош на руската мафија, Шпанците ќе станат светски шампиони, а за возврат ќе лобираат во земјите со шпанско говорно подрачје да гласаат за Русија да ја добие организацијата на СП 2018 година. Шест месеци подоцна, Шпанија беше светски првак, а Русија го доби Мундијалот 2018.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top