| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај на маките на Троицки

После 18. месечната забрана за играње тенис на Виктор Троицки, на маките им нема крај. Како шок му дојде тоа што не може да ја бодри српската репрезентација на Дејвис купот.

Денеска Србија го игра полуфиналниот меч во купот против репрезентацијата на Канада, а Троицки нема да може да им помогне на своите соиграчи ниту од трибините, ова го реши меѓународната тениска организација која отиде чекор понатаму и му забрани пристап во „Комбанк арена“.

„Не ми даваат да бидам во Арената. Се осеќам ужасно, ова е прав скандал. Страшно е ова што ми го прават. Се надевам дека наскоро ќе се вратам на терените и ќе бидам пак во форма“, изјави Троицки.

Не му останува ништо друго освен да ги бодри своите преку малите екрани.

Во 2010. година тој со репрезентацијата го достигна најголемиот успех освојувајќи го Дејвис купот.

Виктор во април на турнирот во Монте Карло одби да даде крв за допинг тест, по што е суспендиран 18. месеци од тениските терени.

Не беше тоа доволно, раскина со девојка му која го изневерувала, а  потоа се фрли на забави и пиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top