Во првото коло од новоформираната група Ф на европското првенство во кошарка репрезентацијата на Грција ја победи фаворизираната Шпанија со 79-75. Шпанците почнаа фуриозно и поведоа со десет поени разлика по првата четвртина (26-16). Во вториот период од натпреварот кошаркарите на Грција заиграа поангажирано и го добија вториот период со цели 13 поени разлика (25-12) и на полувреме отидоа со предност од 3 коша. Мечот изобулуваше со пресврти и во третиот период црвената фурија повторно се одлепи и направи достојна предност и пред решавачкиот последен предиод замина на одмор со пет коша. Во последниот четвртина грците предводени од Спанулис ја анулира предноста и ја доведе својата репрезентација до значајна победа и се израмни на табелата со денешниот противник.
Најефикасен во грчкиот состав беше токму Спанулис со 20 поени, додека кај поразените шпанци се истакнаа Марк Гасол и Руди Фернандез исто така со 20 коша.
Во последниот натпревар од оваа група се среќаваат домаќинот Словенија и селекцијата на Италија која е единствената непоразена екипа во досегашните мечеви од шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


