Министерот за економија, Ваљон Сарачини, очекува дека на средбата со косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи денеска во Скопје ќе се реши проблемот со трговската војна со Косово. Сарачини посочи дека Македонија и Косово имаат одлични политички и економски односи и дека моменталната ситуација не му одговара никому.
– Наоѓањето решение е врвен приоритет на владите на двете земји и треба да се случи. По средбите што ги имавме во Приштина со министерот за трговија и финансии, сметам дека работите се движат во вистинска насока. Дијалогот е почнат, создадени се услови за почнување процес што треба да придонесе до заемно прифатливо решение за двете страни, изјави Сарачини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


