Глувци и го изгризеле лицето на парализирана жена во старски дом во Калгари, Канада. Жената била на одделот за лица со изгубено помнење во една модерна институција, која притоа ја бие глас заради глодарите.
Жртвата од маката ја спасил болничар на вечерна визита. Потоа во нејзиниот шкаф е најдено цело легно глувци. Жената имала помали повреди на лицето, нбо можело да биде многу полошо.
Регионалниот министер за здравство Фред Хорн порача дека е многу разочаран.
-Имам многу прашања за кои ќе барам одговор што всушност се случува таму, рече тој за медиумите и нареди контроли во геронтолошката институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.