204 фармери склучија договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и во руралниот развој за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
–Договорите претежно се за набавка на примарна земјоделска механизација, односно 175 договори се однесуваат на набавка на трактори, а останатите 29 се за приклучна механизација, посочуваат од Агенцијата.
Вредноста договорите е околу 135 милиони денари. Најголем број се индивидуални производители, но меѓу корисниците има и земјоделски стопанства.
Во секторот лозарство склучени се 86 договори, во овоштарството 64, во делот на житните култури 36 договори и 18 договори за индустриски култури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Ги фатиле со крадени дрва, па удриле по полицајците и им се заканувале дека ќе ги убијат