| четврток, 6 декември 2018 |

Двајцата обвинети за масакрот кај Смиљковци ќе бидат екстрадирани веднаш по судењето на Косово

monstrum

 

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата првоосомничени за масакрот кај Смилковското Езеро минатата година, ќе бидат екстрадирани од Косово штом заврши судскиот процес против нив за поседување оружје, изјавил косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими на конференција во Вашингтон, јави дописникот на МИА.

Демири и Исмаиловиќ во март беа уапсени на Косово, но се уште не се екстрадирани поради тоа што во меѓувреме Косово почна друг судски спор против нив.

– Нема никаква сомнеж дека убијци, луѓе обвинети за ѕверски убиства, ќе бидат предадени и ќе платат за нивните злосторства. Се работи за техничко прашање, кое не би сакале да се политизира или да се каже дека Косово не сака да ги предаде овие луѓе. Косово само сака да го заврши процесот почнат во Косово, за поседување оружје, а потоа веднаш ќе ги испорача таму каде што треба да одговараат за други злосторства кои ги извршиле. Не се работи за политичко, за етничко прашање или за одбивање да се соработува, туку е техничко прашање на веќе почнат процес во Косово, иако ова второто злосторство е далеку посериозно од илегално поседување оружје, изјави Селими на прашањето на МИА за досегашното одбивање на Косово да ги екстрадира Демири и Исмаиловиќ во Македонија.

Во претходна, спротивна изјава, косовскиот министер за правда Хајредин Кучи рече дека двојното, македонско и косовско државјанство на Исмаиловиќ и Демири може да ги заштити од екстрадиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top