Тодор Гечевски одлучи уште овојпат да игра за Македонија. Иако не беше во план да настапува на ова ЕП во Словенија, на молба на своите соиграчи, се предомисли. Секако, влијание врз неговото размислување имаа и сите симпатизери на кошарката кај нас. И големиот воин прифати да ја одложи залужената пензија и да настапи и во Словенија. На 36-годишна возраст тешко се игра баскет со помладите и физички поподготвени противници, но популарниот Тоше храбро го прифати предизвикот и помогна. Неговата страст за кошарка е неверојатна, а за квалитетите добиваше комплименти од врвни стручњаци и треба да бидеме среќни што во составот и во оваа извонредна генерација имавме таков играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


