| четврток, 6 декември 2018 |

Будимир растури брак, се свршила со Јохан

Андријана Будимир, која на многумина им е позната како девојка на Тоше Проески, ќе се мажи пет години по неговата трагична смрт, пишува хрватскиот портал „24 часа“

budimir21

Таа се свршила со своето момче Јохан, угостител од Скопје, со кого ја подготвува венчавката. Двојката е во врска веќе две години, а ја почнале уште додека Јохан бил во брак.

– Андријана со својот иден сопруг веќе две години е во врска. Се свршија во тајност. Јохан зад себе има еден брак и две деца. Врската со Андријана ја почна додека се уште беше оженет – открил за српски Курир извор од Македонија.

Поранешната ракометарка не се појавила на промоцијата на новата песна на Тоше, која е објавена на неговиот з5. роденден, а нејзините пријатели тоа го оправдувале дека таа има многу обврски.

– Секој ден има проби за новата сезона на емисијата „Танцување со ѕвездите“. Веќе одамна е познато дека не е во најдобри односи со семејството на Тоше, па избегнува да го посетува неговиот гроб кога има  медиуми и обожаватели – велат нејзините пријатели.
Без оглед што таа ќе се мажи, Андријана не го заборавила Тоше. На нејзината  страница со обожаватели на интернет и понатаму стојат заеднички фотографии.
Андријана беше долгогодишна девојка на трагично загинатиот пејач. По неговата смрт таа се повлече од медиумите.
budimir-

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top