Таа се свршила со своето момче Јохан, угостител од Скопје, со кого ја подготвува венчавката. Двојката е во врска веќе две години, а ја почнале уште додека Јохан бил во брак.
– Андријана со својот иден сопруг веќе две години е во врска. Се свршија во тајност. Јохан зад себе има еден брак и две деца. Врската со Андријана ја почна додека се уште беше оженет – открил за српски Курир извор од Македонија.
Поранешната ракометарка не се појавила на промоцијата на новата песна на Тоше, која е објавена на неговиот з5. роденден, а нејзините пријатели тоа го оправдувале дека таа има многу обврски.
– Секој ден има проби за новата сезона на емисијата „Танцување со ѕвездите“. Веќе одамна е познато дека не е во најдобри односи со семејството на Тоше, па избегнува да го посетува неговиот гроб кога има медиуми и обожаватели – велат нејзините пријатели.
Без оглед што таа ќе се мажи, Андријана не го заборавила Тоше. На нејзината страница со обожаватели на интернет и понатаму стојат заеднички фотографии.
Андријана беше долгогодишна девојка на трагично загинатиот пејач. По неговата смрт таа се повлече од медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.