| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за босанскиот претседател

zivko-budimir

Според предлогот на Обвинителството на БиХ, Судот на Босна и Херцеговина му одреди едномесечен притвор на претседателот на ФБиХ Живко Будимир, како и на останатите четири лица, приведени во акцијата „Патриот“.

Будимир е уапсен во петокот и е осомничен за примање мито и кршење на законот за помилување.

Со оглед на тоа дека со таквите постапки ја загрозил ФБиХ и го нарушил угледот на БиХ, Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреден едномесечен притвор за уапсените.

На оваа одлука на судот можно е да се поднесе жалба во рок од 24 часа.

Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави дека е зачуден од начинот на кој полицијата го уапсила Будимир.

Тој оцени дека апсењето било изведено „на несоодветен начин, речиси како претстава за телевизиските камери“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top