Синоќа на Камениот мост во Скопје двајца тинејџери од Кратово биле нападнати и избодени со нож.
18-годишниот Ј.Ј. и неговиот 17-годишен другар Д.Ј. кои синоќа дошле од Кратово во Скопје за да го гледаат натпреварот Македонија-Велс на Камениот мост биле пресретнати од страна на 17-годишните малолетници, Е.Ш. и Ј.А. од Скопје кои започнале да ги задеваат, па задевањето прераснало во физичка пресметка во која едниот малолетник извадил нож и го повредил едниот кратовчанец.
Ј.Ј. во нападот бил прободен во десната страна на градите и се наоѓа во животна опасност на Ургентниот центар. Другиот кратовец заработил неколку исекотини со нож по телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


