| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Чековски поради повреда префрлен во болница, неизвесен за со Србија

Веднаш по натпреварот со Литванија репрезентативецот Ѓорѓи Чековски со амбуланто возило беше префрлен на прегледи во Љубљана откако беше утврдено дека во Јесенице организаторот не може да обезбеди соодветна нега за него.

Најверојатно се работи за незгодна повреда на коленото на  десната нога на која се појавил оток иако во новинарските кругови се шпекулира и за  искинат мускул кај популарниот Станко.

Не е познато дали Чековски кој важи за еден од најборбените македонски играчи ќе може да настапи на утрешниот пресуден меч против Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top