| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Критиките на СДСМ се евтино плукање

– СДСМ не почека ниту еден час, во кој барем ќе можеа да видат и да прочитаат што предлагаме, а излегоа со празна критика. Тоа говори за нивниот несериозен однос. Ги прашуваме СДСМ, дали се свесни дека цели седум години не собраа храброст да поддржат и да поздрават ниту една мерка и реформа? И денес покажаа дека освен гола критика сведена на ефтино дневно плукање, немаат ништо друго, немаат ни еден логичен аргумент – се вели во денешната писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференцијата на СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, критиките на СДСМ за денеска предложените мерки и реформи се евтино дневно плукање без ниту еден логичен аргумент.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ стои и дека доколку сакаат да зборуваат за луксузирање би требало да се обратат кај претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој, како што истакнуваат, во својата фамилија има возен парк од речиси милион евра, потпретседателката Радмила Шеќеринска која во својот анкетен лист пријавила повеќе станови со површина од близу 400 квадратни метри низ Скопје, или кај поранешниот лидер Бранко Црвенковски кој својот летен одмор го поминал на луксузни дестинации во Флорида.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top