| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на улиците во Јесенице (видео)

srbija-bosna tepacka

Силни полициски сили интервенираа денеска на улиците на Јесенице во близина на македонскиот фан клуб откако дојде до пресметка меѓу навивачите на Босна и Херцеговина и Србија.

Инцидентот се случил откако додека босанските навивачи минувале покрај група на српски фанови дел од присутните почнале да извикуваат „Нож, жица, Сребреница.

Неколкумина од учесниците во тепачката се приведени а неколку се полесно се повредени.

Во моментов силни полициски сили се распоредуваат на сите позиции во градот каде што има фан зони во кои се собираат навивачите на Србија и Босна и Херцеговина.

Бојан Момировски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top