Дејан Атанасовски, почесен конзул на Македонија во Перу, пред седум дена бил уапсен од полицијата, и тоа пред камерита на ТВ „Латина“.
Според прилогот на телевизијата, Атанасовски ги малтретирал соседите во згрдата во која живеел, па тие викнале полиција, но и новинари на ТВ „Латина“. При полициската интервенција, Атанасовски ги нападнал полицијаците, по што тие го уапсиле.
Од перуанската полиција соопштиле дека Атанасовски и претходно бил приведуван поради малтретирање граѓани и насилно однесување.
Во Министерството за надворешни работи се запознаени со случајов и, како што ни рекоа, во наредните денови чекаат писмено известување од МНР на Перу за овој случај.
Засега не е познато дали Атанасовски ќе биде притоврен и дали ќе има судска разврска на скандалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.