Засега непознат сторител успеал на туѓа адреса во Дубровник „административно да вдоми“ дури 243 лица. Сопственикот на приватната куќа во која живеат само девет луѓе за хрватските медиуми вели дека целата работа почнала да му станува сомнителна кога пречесто добивал пошта на туѓи имиња. Потоа од полицијата ми потврдиле дека на неговата адреса се пријавени станари како за цел облакодер.
Сопственикот ја купил куќата во 1971 година, постепено ја надградил за двете семејства на децата. Сега некој успеал да му „смести“ уште 243 потстанари. За хрватските медиуми сопственикот вели дека пред неколку години му се јавил некој полициски инспектор, кој го прашал „дали има облакодер“, што сопственикот тогаш не го разбрал и љубезно одговорил дека има семејна куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невреме во Дубровник, поплавени повеќе куќи и патишта
-
Друштво кое тежи неколку милијарди: Опра со пријателите летува во Дубровник (ФОТО)
-
Хрватска стравува од епидемија, хоспитализан пациент со морбили
-
„Огнена“ венчавка за паметење во Дубровник: Сватовите палеле ракети и гуми, интервенирала противпожарна единица (галерија) (видео)