Влијателниот американски медиум меѓу топ-вестите ја објавува информацијата за водниот проект Дунав – Солун
Блумберг пренесува дека српската влада и кинеската „Гезуба груп корп.“ се согласиле да направат студија за економска оправданост за проектот што ќе го поврзе Дунав со Егејско Море и со Средоземјето.
Водниот тек, кој ќе биде долг 655 километри, преку Србија, Македонија и Грција ќе ги поврзе Дунав, Морава и Вардар со што ќе се формира комерцијален пловен пат до пристаништето во Солун. Српскиот министер за природни ресурси Милан Бачевиќ меморандумот за разбирање со „Гезуба груп корп.“ го потпишал во Пекинг.
Според меморандумот кинеската компанија ќе обезбеди „експертска поддршка“ за геолошки истражувања додека финасирањето ќе биде разгледувано во наредните фази од проектот.
Проектот Дунав – Морав а – Вардар – Солун бил една од темите за кои во Скопје вчера разговарале и премиерите на Србија и на Македонија, Груевски и Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.