| четврток, 6 декември 2018 |

Маракана празна за мечот Србија- Хрватска?

мараканаСрпскиот фудбалски сојуз оправдано стравува од празни трибини на маракана на квалилфикацискиот натпревар против Хрватска во петок. Ако во Хрватска картите за мечот со Србија беа распродадени за неколку часа, а се бараше карта повеќе, во Белград такви проблеми немаат, пишуваат хрватските медиуми.

Продадени се само 15 илјади влезници, што е многу лоша бројка за стадион со капацитет од 53 илјади публика. „Како стојат работите, коцкастите нема да истрчаат во пекол туку на полупразна фудбалска арена“, коментираат весниците.

А причините, се додава, се бројни. „Слабите квалификациски резултати на „Орлите“ веројатно ги одврати голем број од навивачите, потоа тука е и стравот од немири, но мора да се споменат и егзистенцијалните проблеми на Србите, кои подобро штедат за леб и млеко, отколку да гледаат натпревар, па нека биде тоа и со Хрватска“, заклучуваат во Загреб.

Од Српскиот сојуз велат дека Хрватите не поставиле никакви особени услови и дека натпреварот ќе се игра во до сега невидени мерки за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top