Српскиот фудбалски сојуз оправдано стравува од празни трибини на маракана на квалилфикацискиот натпревар против Хрватска во петок. Ако во Хрватска картите за мечот со Србија беа распродадени за неколку часа, а се бараше карта повеќе, во Белград такви проблеми немаат, пишуваат хрватските медиуми.
Продадени се само 15 илјади влезници, што е многу лоша бројка за стадион со капацитет од 53 илјади публика. „Како стојат работите, коцкастите нема да истрчаат во пекол туку на полупразна фудбалска арена“, коментираат весниците.
А причините, се додава, се бројни. „Слабите квалификациски резултати на „Орлите“ веројатно ги одврати голем број од навивачите, потоа тука е и стравот од немири, но мора да се споменат и егзистенцијалните проблеми на Србите, кои подобро штедат за леб и млеко, отколку да гледаат натпревар, па нека биде тоа и со Хрватска“, заклучуваат во Загреб.
Од Српскиот сојуз велат дека Хрватите не поставиле никакви особени услови и дека натпреварот ќе се игра во до сега невидени мерки за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил