| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија бара цврсти докази за употреба на хемиско оружје

putinassadСамо постоењето на цврсти докази може да ја убеди Русија за употребата на хемиско оружје во Сирија, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за руската телевизија „Прв канал“.
– Ќе не убеди темелна истрага на прашањето и присуството на очигледни докази, што убедливо покажуваат кој и што употребувал, изјави Путин, пренесува ИТАР-ТАСС. Дури тогаш Русија ќе биде подготвена да дејствува на решителен и сериозен начин.
Ако имаме објективни, точни податоци кој го извршил тоа кривично дело, ќе има реакција, изјави Путин во одговор на американски дописник.
– Ве уверувам дека ќе заземам принципиелна позиција, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека употребата на оружје за масовно уништување е кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top