Само постоењето на цврсти докази може да ја убеди Русија за употребата на хемиско оружје во Сирија, изјави претседателот Владимир Путин во интервју за руската телевизија „Прв канал“.
– Ќе не убеди темелна истрага на прашањето и присуството на очигледни докази, што убедливо покажуваат кој и што употребувал, изјави Путин, пренесува ИТАР-ТАСС. Дури тогаш Русија ќе биде подготвена да дејствува на решителен и сериозен начин.
Ако имаме објективни, точни податоци кој го извршил тоа кривично дело, ќе има реакција, изјави Путин во одговор на американски дописник.
– Ве уверувам дека ќе заземам принципиелна позиција, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека употребата на оружје за масовно уништување е кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.