| четврток, 6 декември 2018 |

Организирано следење на натпреварите во кошарка на плоштад во Охрид

На Градскиот плоштад “Св.Климент Охридски”, во рамките на одбележувањето на 8-ми септември- Денот на независноста на Р Македонија, од утре (04 септември) граѓаните на Охрид ќе можат организирано да ги следат настапите и да дадат поддршка на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, кое се оддржува во Словенија. Општина Охрид, пред ТВ преносите, ќе организира посебна спортска-забавна програма, со ревијално учество на спортски екипи од Охрид.
04.09.2013- среда
–              17: 00 – мал спортски саем на спортски здруженија од Охрид
–              17: 45 – следење на кошаркарскиот натпревар Македонија-Црна Гора
На посебни штандови на Градскиот плоштад по рекламни цени ќе се нуди плашица и пиво
05.09.2013 – четврток
–              17: 00 – ревијален Ватерполо натпревар помеѓу ветераните од Охрид и Струга на Градското пристаниште
–              17: 00 – почеток на натпревари во училишен басекет на Градскиот плоштад во машка конкуренција
–              21: 00 – следење на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија –Литванија
06.09.2013 – петок
–              17: 00 –  почеток на натпревари во училишен басекет на Градскиот плоштад во женска конкуренција
–              21: 00 – следење на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија –Србија

Организатор на настаните е Општина Охрид, во соработка со Црвен Крст од Охрид, Ј.П “Биљанини извори” и останатите општинските јавни претпријатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top