| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Гласачките ливчиња усогласени, на ред се телекомуникациите

hasim taciКосовскиот премиер Хашим Тачи очекува на 8 септември, во рамките на вториот круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина да биде постигнат договор за телекомуникациите и енегетскиот сектор.„Косово Сот“ го пренесува дека се надминати несогласувањата околу користењето на симболите на Косово на гласачките ливчиња за локалните избори.
– Постои политичка согласност на целокупниот политички спектар. Тоа значи дека се е во согласност со Уставот и законските прописи, нагласи Тачи.
Косовската Централна изборна комисија претходно одлучи на гласачките ливчиња за локалните избори на 3 ноември да се најде само логото на Централната изборна комисија, без косовски обележја. Изгледот на гласачките ливчиња беше тема на последниот круг преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top