| четврток, 6 декември 2018 |

Фелаини го фати последниот воз и потпиша за Манчестер јунајтед

Маруане Фелаини го фати последниот воз во летниот преоден рок, што заврши ноќеска на полноќ и од Евертон се пресели во Манчестер јунајтед за сума од 24 милиони фунти. Белгискиот репрезентативец инсистираше да добие зелено светло од Управата на „карамелите“ за да се пресели на „Олд Трафорд“ и успеа да се избори за дозвола да стане еден од „црвените ѓаволи“.  Одличниот играч од средниот ред е една од ѕвездите на овој преоден рок, а сепак врвот му припаѓа на Герет Бејл. Велшанецот е број еден со трансфер од Тотенхем во Реал Мадрид вреден 100 милиони евра. Последниот ден од преодниот рок го одбележаа и Месут Озил кој пристигна во Арсенал од Реал, потоа Ромелу Лукаку кој замина на позајмица од Челси во Евертон, Герет Бери од Манчестер сити во Евертон, Андреа Досена од Наполи во Сандерленд….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top