
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ доаѓа во посета на земјава. Тој од утре ја започнува посетата на регионот, во чоо рамки е предвидено да оствари средби со државниот врв во Македонија, Црна Гора и Косово. Се очекува Јосиповиќ да ја изрази поддршката на Хрватска за интеграција на целиот регион на Југоисточна Европа во Европската Унија. Во Македонија тој доаѓа во среда попладне, кога ќе има средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Разговорите со претседателот на Собранието Трајко Вељановски, и премиерот Никола Груевски се закажани за четврток. Предвидена е средба со претставниците на хрватската заедница во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


