Грција има потреба од дополнителни 4,5 милијарди евра, за да ја пополни дупката во финансиите за догодина, изјавил германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
– Се појави проблем во примената на програмата за помош, наменета за Грција, изјави Шојбле на седницата на Комисијата за буџет на германскиот Парламент.
Шојбле како проблем го посочи забавувањето на приватизацијата во Атина. Според оценката на ММФ, на Грција ќе и бидат потребни дополнителни 6,5 милијарди евра во 2015 година. Шојбле минатиот месец предизвика бура од реакции, кога предупреди дека Грција ќе има потреба од трет спасувачки пакет, по веќе добиените средства во вредност од 250 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


