| четврток, 6 декември 2018 |

Книгата „Кејт кралицата“ ги открива тајните на врската

кејт принцГладта за детални описи на животите на познатите и славните, а најмногу за аристократските семејства и нивните интимни доживувања е ненаситна. Така своја пишана верзија доживеа и врската, како сакаат да претстават, новата бајка од британското кралско семејство. Во новата книга „Кејт- идната кралица“ се откриваат детали од проблемите низ кои поминале Кејт Мидлтон и принцот Вилијам додека се забавувале, па до нивната венчавка и новиот наследник на круната. Од кризата низ која мина парот за 25 роденден на Кејт, преку советот кој таа го дибила од кралицата до раскинувањето кое го надминале и тајното ветување кое го остварија, сето ова го пишува во новата книга посветена на новата кралска британска двојка.

Кога ќе се видат фотографиите на Кејт и Вилијам од кои зрачи среќа и уживање во љубовта, ретко кој помислува дека  оваа двојка некогаш минувал низ големи кризи и проблеми. На пример, дека на Велигден 2007 принцот морал да избира дали во целост ќе ѝ се посвети или таа ќе стави крај на нивната врска. 24-годишниот Вилијам тогаш не бил подготвен за обврска и нивната врска била прекината. Повеќе не откриваме. Чекајте ја книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top