| четврток, 6 декември 2018 |

Посвоила кенгур, се преселила во зоолошка градина

kengurzoo

Кристи Кар од Оклахома боледувала од депресија поради што со години била затворена во својот дом и речиси во целосна изолација, но кога го нашла Ирвин, сето тоа се сменило…

Нејзиниот живот тргнал на подобро кога го спасила кенгурот Ирвин, којшто се удрил во ограда и останал парализиран. Сега тие се најдобри пријатели, а Кристи со него се однесува како со мало дете, го облекува во алишта и му дозволува да спие во нејзиниот кревет.

kengurzoo (1)

Но, не било отсекогаш така идеално. Тие постојано менувале живеалишта затоа што Кристи се плашела дека ќе има проблеми со законот поради дозволите и осигурувањето кои се задолжителни за егзотични животни.

Но, тие, конечно, си најдоа место во кое се безбедни, интерактивната зоолошка градина „Гаролд Вејн“ во Винивуд, Оклахома.

Таму Кери и Ирвин можат слободно да живеат заедно и да се забавуваат со останатиот персонал и животните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top