| четврток, 6 декември 2018 |

Кака не може без Милан, Бразилецот се врати кај „росонерите“

Рикардо Кака, бразилскиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид, се враќа во Милан и повторно ќе игра за „росонерите“. Кака пред четири години токму од Милан направи трансфер вреден 65 милиони евра во Реал Мадрид.

 Бразилецот не блескаше во Реал, а и повредите го спречија потполно да ги презентира раскошниот талент и знаење.  Тој ќе биде големо засилување за Милан во претстојната сезона, а потпиша двегодишен договор и ќе се обиде со добри игри во Серија А да се наметне за избор во репрезентацијата на Бразил, за Светското првенство што следната година ќе се игра токму во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top