Македонскиот вицешампион РК Металург ќе патува во Лигата на Шампионите поради подобриот скор во двомечот против Пик Сегед.
Иaко загуби во Унгaрија со 23:19. македонскиот вицешампион порaди победata од +10 во Скопје (26:16) ќе патува во групната фаза во најквалитетното европско ракометно натпреварување.
Поради лошата реализација во првото полувреме. која изнесуваше скромни 32%. ракометарите на Червар уште од самиот старт, забележаа негатива од -4 гола која траеше се до крајот на првото полувреме (11:7) и воедно до самиот крај на натпреварот (23:19).
Иако можевме да го избегнеме поразот во вториот дел кога во 48 минуга се доближивме само на -1 (17:16), сепак, нашата одбрана немаше лек за топовските удари на Шулц, кој беше еден од најдобрите играчи на натпреварот но и искусните Аншин и Парондо. кои беа движечка сила во домашниот состав.
Најдобар стрелец на натпреварот беше играчот на Пик Сегед. Шулц, со седум постигнати гола додека по него, следеше Аншин со пет.
Во нашиот состав, Атман постигна 5, Вугринец четири, Миркуловски и Мојсовски по три, додека мпадиот Манасковки беше најдобар стрелец во Скопје успеја да постигне два. Најдобар поединец беше голманот Дарко Станиќ, кој блескаше помеѓу стативите.
Екипата на Металург во Лигата на Шампионите ќе игра во групата Ц, заедно со најголемиот ривал Вардар ПРО, но и ракометните гиганти Барселона и ПСЖ. Покрај нив во групата се аутсајдерот Вакер Тун и квалификантот Динамо Минск.
Ова е историски момент за машкиот ракомет во Македонија затоа што две македонски екипи ја претставуваат нашата земја во најквалитетната ракометна лига, Лигата на Шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



