Милош Теодосиќ и Владимир Лучиќ, дефинитивно, нема да бидат во составот на Србија на претстојното Европско првенство во Словенија.
Без Теодосиќ и без Лучиќ, српската кошаркарска репрезентација сигурно ќе биде видно ослабена на претстојниот Европско првенство во кошарка.
Ова е добра вест за нашите кошаркари ако се има предвид дека ние сме вo група со Србите. Групата Б уште ја надополнуваат Литванија, Летонија, БиХ и Црна Гора.
Македонија првиот натпревар го игра в среда против Црна Гора, со почеток од 17.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.