| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска и Трајановски на велосипеди со полициската единица

tocaciМинистерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ја посетија велосипедската единица при СВР Скопје и заедно со нејзините припадници направија обиколка на велосипеди од полициската станица „Беко“ до Градскиот Парк.
Како што информирмира Јанкулоска, трасата по која денеска се возеше е една од најфреквентните во Скопје и по неа во наредниот педиод полициските сили со поголема фреквентност ќе патролираат со велосипеди.

tocaci2Градоначалникот Трајановски ја поздрави оваа активност, потенцирајќи дека на овој начин полициските сили ќе бидат помобилни и побрзо ќе ги извршуваат своите задачи. Трајановски најави дека во иднина и градските комунални редари ќе патролираат со велосипеди.
– Во тек е постапката за набавка на нови велосипеди за 20-те комунални редари на Градот Скопје со кои тие ќе ги патролираат јавните површини во сите скопски општини. Истовремено, во наредниот период Градот Скопје интензивно ќе работи на адаптација на велосипедските патеки во насока на надминување на препраките со кои што се соочуваат велосипедистите, рече Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top