Советот за безбедност е “неспособен” во решавањето на ситуацијата во Сирија, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
-Затоа, во однос на Сирија, каде што се убиени 100 илјади луѓе, денес може да се одлучи да се формира коалиција на оние кои сакаат”, рече премиерот. Според него, дојдено е време за сите кои се ставиле потпис под Универзалната декларација за правата на човекот, да направат чекор и да престанат убиствата во Сирија.
Анкара од претходно објави дека ќе се приклучи на таква коалиција, дури и ако ОН не може да преземе решение за Сирија. Во врска со воената операција против сириската влада, во петокот Ердоган рече дека „треба да се дојде до прекинување на функционирањето на режимот”.
-Не сме задоволни од ограничена операција. Тоа не треба да поминува во форма на еднодневни или дводневни удари, туку да доведе до отстранување на режимот, побара Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


