| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот Парламент ќе одобри интервенција во Сирија

parizВрз сирискиот режим, кој врши недозволиви активности против сопствениот народ, треба да биде нанесен удар, кој конечно и ќе го запре, изјави претседателот на националното собрание на Франција, социјалистот Клод Бартолон во интервју за неделникот „Журнал ду диманш“.
– Неприфатливо е одвратни дела да се остават без последици, рече Бартолон, имајќи го предвид нападот со хемиско оружје во август крај Дамаск.
Според него „меѓународната заедница треба појасно да ги утврди целите на нападот во Сирија. „Интервенцијата не треба да биде единствен чин, без никакво продолжение“, изјави претседателот на Долниот дом на парламентот.

Франсоа Оланд претходно најави дека ќе учествува во воената интервенција против реѓимот на Башар Ал Асад во Сирија, а францускиот поредок не подразбира поддршка од парламентот при такви одлуки. Сепак, изјавата на Бартолон е во насока на поддршка на решеноста на Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top