| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобро се живее во Мелбурн, а најлошо во Дамаск

Најдобро се живее во Мелбурн, а најлошо во Дамаск, се вели во истражувањето на лондонски „The Economist“. Од 141 град, најдобрите оцени му припаднале австралискиот град, а според категориите, Мелбурн е најдобро оценет според инфраструктурата, образованието, културата, стабилноста и здравствената заштита.

На листата во топ 10 најдобри градови за живеење влегуваат и Виена, Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделаида, Перт, Сиднеј, Хелсинки и Оукленд.

Во 10-те градови на дното пак, покрај сирискиот главен град Дамаск, кој е последен на ова листа, се и Техеран, Дуала, Триполи, Караши, Алжир, Хараре, Лагос, Порт Морсби и Дака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top