| четврток, 6 декември 2018 |

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка

Успешно реализиран вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Денеска во рамките на ова прво прибување во водите на Охридското езеро беа пуштени 100.000 парчиња подмладок, со просечна тежина од 2 и 2,5 грама и должина меѓу шест и осум милиметри. За период од 2 месеци колку што трае, се собрале близу 2 милиони зрна икра со кои ќе биде порибено Охридското езеро. Токму и според годинешната програма, до крајот на месец септември, Охридско треба да биде порибено со околу 2 миони и 100.000 единки подмадок од овој ендемичен вид риба.

Изјава Сузана Патчева ( дир. на Хидробиолошки завод-Охрид):„ Беа колекционирани околу милиони 860.000 зрна икра од кои се добиени милион 760 илјади индивидуи подмладок на  охридска пастрмка со кои ќе биде порибено Ох ез оваа година“.
Годинава за прв пат, научната установа Хидриолошки завод, мрестот го спроведе заедно со концесионертот “ Пастрмка 2012“-кој од лани стопанисува со езерото, а дополнителниот ангажман околу порибивањето од минситерството добија 2 милиони 300.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top