Успешно реализиран вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Денеска во рамките на ова прво прибување во водите на Охридското езеро беа пуштени 100.000 парчиња подмладок, со просечна тежина од 2 и 2,5 грама и должина меѓу шест и осум милиметри. За период од 2 месеци колку што трае, се собрале близу 2 милиони зрна икра со кои ќе биде порибено Охридското езеро. Токму и според годинешната програма, до крајот на месец септември, Охридско треба да биде порибено со околу 2 миони и 100.000 единки подмадок од овој ендемичен вид риба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.