| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановчанец со нож прободел сограѓанин

g_noz

Крвава вечер во Куманово. Синоќа околу 23,30 часот на плоштадот „Маршал Тито“, поточно во кафе бар „Нама“ настанала расправија помеѓу С.С.(1986) и Б.К.(1958) од Куманово. Б.К. по расправијата отишол во казиното „Адмирал“. По кратко време кога излегол, повторно се сретнал со С.С. пред кафе бар „Клуб“. Дваесет и седум годишниот С.С: му нанел убодна рана во пределот на левото рамо на Б.К. на кому му е укажана лекарска помош. Констатирана е телесна повреда и пуштен е на домашно лекување.С.С. е приведен и задржан во СВР-Куманово и кај истиот е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,29 промили.

По целосно расчистување на случајот, против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top