Министерот за внатрешна и надворешна трговија Расим Љајиќ изјави дека разговарал со членовите на семејството на Јованка Броз и дека државата ќе преземе мерки за вдовицата на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито да има достоинствена старост.
-Во понеделник ќе разговарам со службата за заеднички работи и генералниот секретаријат на Владата, бидјеќи мора нешто да се реши додека таа е во болница – изјавил Љајиќ за РТС, нагласувајќи дека куќата во која живее Јованка е во полоша состојба од пред една година и треба да се поправи.
Јованка Броз е примена во болница на 23 август во лоша здравствена состојба која малку е подобрена со помош на интензивна терапија и нега. Таа и понатаму е во болница и е под постојан лекарски надзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.