| четврток, 6 декември 2018 |

Петров: Бранко не се меша во актуелните случувања во СДСМ

andrej petrov-Со екслидерот Бранко Црвенковски и ден-денес имаме пријателска комуникација. Kај него во кабинет често навраќам да размениме мислење. Имаш од него што да слушнеш. Иако воопшто не се меша во актуелните случувања во СДСМ, тој како долгогодишен претседател и премиер на државата е еден од најголемите познавачи на политичките текови – до- вели поранешниот висок функционер на најголемата опозициска партија, Андреј Петров.

Петров, кој во интервју за „Дневник“ најавува дека нема да се кандидира повторно за пратеник, порачува дека треба да се даде уште малку време на партијата за да застане на здрави нозе.

-Од СДСМ не можам да стојам настрана и да сакам. А не сакам. СДСМ е дел од мене една и пол деценија, бев според многумина успешен градоначалник, шеста година сум пратеник, а сум извршувал и многу партиски функции од општинско ниво, па с` до генерален секретар. Сум имал големи победи во кои или сум ги предводел изборните штабови или сум бил кандидат, но и болни порази како во 2011 година, заклучно со последниве избори во 2013 година кога, иако го победив ВМРО-ДПМНЕ, изгубив од мојот некогашен сопартиец. Се гордеам што СДСМ на конгресот на 2 јуни, кој како претходно партиско раководство го организиравме демократски, избра нов претседател на партијата. Волја на Зоран Заев беше да избере сопствен тим во кој јас не сум и тоа го почитувам. Kако актуелен член на ЦО ќе го дадам својот придонес во рамките на овој орган – вели тој.

На прашањето – Kако го оценувате почетокот на новото раководство на СДСМ? одговара:

Имам свое мислење за работите, а што сум го соопштил на органите на партијата. Тие заслужуваат да им се даде уште време за да го реализираат сопствениот концепт во согласност со понудената програма за работа и статутарните промени што ги направија. Успешноста треба да биде оценувана по една солидна временска дистанца од шест месеци. Заев ја има мојата поддршка СДСМ да победи на следните парламентарни избори. Тоа е над с`. Заедно со мене, тој беше дел од најтесното партиско раководство предводено од Црвенковски. Многу работи заедно сме поминале, иако факт е дека имавме различен став за учеството на мартовските локални избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top