| четврток, 6 декември 2018 |

Варкрафт (Warcraft ) конечно ќе се снима (видео)

hqdefaultПо 5 години турбулентна продукција, филмот Варкрафт (Warcraft ) кој ќе ја следи приказната на познатата видео игра конечно станува реалност. Леџендари Пикчрс го закажа првото снимање за 13 јануари догодина во Ванкувер. Како што објавија медиумите студиото веќе ги поставува помошните објекти за да се подготват за снимање, што значи олеснување за Близард и за милениците на оваа франшиза кои веќе дигнаа раце дека некогаш ќе се сними филм. По позитивниот оддек на краткиот трејлер објавен на годинешниот Комик-кон, студиото набрзо го закажа снимањето, оа се претпоставува дека премиерата на филмот ќе се случи некаде во 2015 година. За сега се знае само режисерот, Данкан Џонс, додека актерската екипа не се обзнанува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top