По 5 години турбулентна продукција, филмот Варкрафт (Warcraft ) кој ќе ја следи приказната на познатата видео игра конечно станува реалност. Леџендари Пикчрс го закажа првото снимање за 13 јануари догодина во Ванкувер. Како што објавија медиумите студиото веќе ги поставува помошните објекти за да се подготват за снимање, што значи олеснување за Близард и за милениците на оваа франшиза кои веќе дигнаа раце дека некогаш ќе се сними филм. По позитивниот оддек на краткиот трејлер објавен на годинешниот Комик-кон, студиото набрзо го закажа снимањето, оа се претпоставува дека премиерата на филмот ќе се случи некаде во 2015 година. За сега се знае само режисерот, Данкан Џонс, додека актерската екипа не се обзнанува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


