| четврток, 6 декември 2018 |

„Купила“ 4 стана за 50 илјади евра, сега е под кирија

Секое продолжение на судењето на фризерката за продажба на фиктивни станови отвара нова приказна за човековото лековерност.

frizerka-4Измамена граѓанка сведочи дека Дончевска ѝ понудила стан од 90 квадратни метри за 25 илјади евра. Го продала станот да уплати 4 стана од Дончевска, па денеска живее под кирија.

По првата уплата добила нова понуда од фризерката да доплати уште 25 илјади евра и да добие вкупно 4 стана или над 250 квадратни метри.
Бидејќи од продажбата на станот имале пари, одлучиле да го купат пакетот за да ги обезбедат своите деца, ќерка и хендикепиран син.
Но, наместо да добијат клуч на рака на свеченост со црвени ленти, функционери и медиуми, како што им ветувала Дончевска, добивале одложувања со различни оправдувања за технички проблеми.
Оштетената во судницата револтирано и низ солзи ѝ рече на судијката:
„Таа е измамник, знаеше дека го продадов станот за да го вратам долгот што го земав за уплата. Ми доаѓаше дома, дури и на синчето го тапкаше по рамо, му велеше дека ќе живее во многу убав стан“, пренесува „Канал 5“.

фикомВо овој случај се измамени дури 42 граѓани. Во Македонија се чести случаите за измама при продажба, препродажба или малверзации со имот. Притоа, се чини, тешко се учи лекцијата од туѓо искуство, дека за 25 илјади евра не се купуваат 90 квадратни метри, или уште повеќе- за 50 илјади 4 стана по околу 60 квадратни метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top