| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Шејмас Хини, големиот ирски поет и добитник на „Нобелова награда“ и „Златен венец“ на СВП

Почина големиот ирски поет и добитник на „Златен венец“ на СВП во 2001 година, Шејмас Хини. Преку неговото литературно дело вечно ќе остане запаметен како еден од најзначајните поети од втората половина на 20 и почетоткот на 21 век. Во 1995 година тој ја доби Нобеловата награда за книжевност, а добитник е и на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“.

-Вечен ќе биде споменот за овој великан на светското поетско творетво во Струга и Македонија. Ќе продолжи да живее дрвото засадено од неговата рака, а засекогаш нераскинливо ќе биде неговото творешво кое преку „Струшките вечери на поезијата“ им беше приопштено и на македонските читатели – велат од СВП.

Роден е во Мосбон,  Северна Ирска, на 8. 7. 1939 г. Добитник е на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка „Смртта на природословецот“ (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов фенер (1987). Привиденија (1991) итн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top