| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Да се најде решение за црквата во Октиси

груевски 2

Премиерот Никола Груевски порача дека треба да се најде решение за недоразбирањата околу изградбата на црква во струшко Октиси и да продолжи добриот соживот на жителите во селото.

– Мој став е дека треба да се најде решение, не треба едни со други да се попречуваме. Тоа било мој став секогаш и во секоја ситуација, треба со ладни глави да се размисли дека треба да се живее и понатаму и дека тие луѓе живеат заедно со години, со децении, ако гледаме повеќе историски со векови во смисла на нивните предци, така што добро е да се смират страстите, да се седне, да се разговара и да се најде решение да се надмине тој проблем. Тие треба да продолжат пак да живеат заедно и не е добро да се гледаат попреку, да се гледаат како непријатели или да гледаат кој, кому и како да наштети, рече премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top