Премиерот Никола Груевски порача дека треба да се најде решение за недоразбирањата околу изградбата на црква во струшко Октиси и да продолжи добриот соживот на жителите во селото.
– Мој став е дека треба да се најде решение, не треба едни со други да се попречуваме. Тоа било мој став секогаш и во секоја ситуација, треба со ладни глави да се размисли дека треба да се живее и понатаму и дека тие луѓе живеат заедно со години, со децении, ако гледаме повеќе историски со векови во смисла на нивните предци, така што добро е да се смират страстите, да се седне, да се разговара и да се најде решение да се надмине тој проблем. Тие треба да продолжат пак да живеат заедно и не е добро да се гледаат попреку, да се гледаат како непријатели или да гледаат кој, кому и како да наштети, рече премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски