Влатко Гроздановски е последната ластовичка на шампионот Вардар во летниот преоден рок што завршува утре на полноќ. Гроздановски се враќа кај „црвено-црните“, а ова за него е трета среќа кај актуелниот првак откако настапуваше за Вардар во златната генерација што во 2003 година стигна на прагот од Лигата на шампионите. Гроздановски следната сезона си замина од клубот, а се врати пред две сезони и со клубот ја освои шампионаската титула. Играчот од средниот ред со богато искуство како интернационалец ќе му помогне на Вардар да се пополнат празнините во маневарот.
Гроздановски има 30 години, а денеска треба да потпише едноипол годишен договор со Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


